Зграда со социјални станови ќе се гради во Неготино- Слободен печат
ВестиЕкономија

Зграда со социјални станови ќе се гради во Неготино

Објектот ќе биде изграден на локација кај ул. „Едвард Кардељ".

Станбена зграда за социјално ранливи категории граѓани ќе се гради во Неготино, на локација кај ул. „Едвард Кардељ”.

Почетокот на градежните работи ќе биде означен денеска во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски.

Новиот објект е дел од проектот Ф/П 1674 (2009) за изградба на станови за лица со социјален ризик и други ранливи групи, со кој е предвидена изградба на 32 објекти со вкупно 1.754 станови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close