Земјоделците од тетовско добија дозволи за работа за време на полицискиот час

Во тетовскиот регион веќе во полн ек се подготвителните работи за пролетната сеидба, поради што земјоделците имаат потреба од дозвола за движење во нивите.

Околу 900 дозволи за работа во време на забраната за движењето поради коронавирусот досега се издадени на земјоделци во тетовскиот регион со посредство на подрачната единица Тетово при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-По изразувањето интерес од страна на земјоделците, по телефон или е-маил, барањата до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ги испраќаат вработените во подрачната единица. Од МИОА потоа ни враќаат по и-мејл и им ги даваме на земјоделците, изјави раководителот на подрачната единица Африм Сејрани.

Во тетовскиот регион веќе во полн ек се подготвителните работи за пролетната сеидба, поради што земјоделците имаат потреба од дозвола за движење во нивите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот