Зеленски по победата на Украина на Евровизија: Нашата музика ја освојува Европа

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по победата на Украина на Евровизија на Фејсбук објави: „Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа”.

– Третпат во својата историја, и верувам дека не е последен. Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран, наведе Зеленски.

Тој му се заблагодари на Калуш Окрест за нивната победа и на сите што гласаа за Украина.

Сигурен сум дека не е далеку нашиот победнички хор во борбата против непријателот. Слава на Украина, напиша Зеленски на Фејсбук.

На Евровизијата во Торино, Италија победи украинскиот оркестарот Калуш со песната „Стефанија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот