ФОТО+ВИДЕО | Украина е победник на Евровизија 2022

Претставниците на Украина, Обединетото Кралство и Шпанија / Фото: EPA

По минатогодишната победа на италијанската рок-група „Монескин“, вечерва Италија приреди спектакуларна финална вечер како земја-домаќин на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија.

Србија беше единствена земја од поранешна Југославија која успеа да се пласира во големото финале. Нивната претставничка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, го освои одличното 5. место.

Фото: Скриншот, Јутјуб

За време на големото финале, вечерва настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Изборот на песна за Евровизија.

Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји.

Како потсетување, македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска не успеа да се пласира во големото финале. Таа настапи со реден број 11 и ја испеа својата песна „Circles“ за време на втората полуфинална вечер на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

ВИДЕО | Вака изгледаше Евровизија во 1956 година: Пронајдена одамна изгубена снимка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот