Зеленски не би се откажал од Донбас во замена за американските гаранции
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги отфрли сугестиите дека безбедносните гаранции на САД би биле условени со откажување на Украина од Донбас. Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а самиот Зеленски го потврди ова.
Препорачано
„Тие велат дека гаранциите ќе дојдат дури откако ќе заврши војната, а војната ќе заврши кога ќе се повлечеме од Донбас. Ние не сме идиоти. Знаеме што значи тоа“, рече Зеленски во интервју за германскиот ЗДФ.
Додаде дека некои американски претставници, вклучувајќи ги Џаред Кушнер и Стив Виткоф, веруваат дека Русија ја добива војната, но нагласи дека таквата проценка е погрешна. Тој исто така нагласи дека Украина продолжува да води конструктивен дијалог со Вашингтон.
Зборувајќи за можните чекори кон деескалација на конфликтот, Зеленски посочи дека Украина би можела да престане да ја таргетира руската енергетска инфраструктура ако Русија престане да напаѓа украински енергетски цели.
Украинскиот претседател повтори и дека Русија мора да плати за штетата предизвикана за време на војната, или доброволно или преку економски механизми.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
9мин
-
12мин
-
13мин
-
14мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


