Зекири, со сопругата и ќеркичката се хоспитализирани

Скопје, Инфективна клинија / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со температура од понеделникот откако заболе од коронавирусот. Информацијата дека е в болница, за ,,Слободен печат” ја потврди самиот Зекири.

Тој ни рече дека во истата соба со него се хоспитализирани и неговата сопруга и тримесечната ќерка.

-Чисти сме со белите дробови, тоа е добро. Јас имам температура. Сопругата и бебето немаат. Супер се грижи за нас целиот персонал, Господ здравје да им даде, многу се трпеливи со сите пациенти и многу грижливи. Дојдовме во понеделникот кога малата крена температура, но сега нема, добра е. И мојата сопруга е добра. Јас добивам инфузија и потпишав дека ќе земам една терапија десет дена за ХИВ, како дел од студијата ,,Солидарност”, изјави Зекири за Слободен печат.

Министерот за здравство на вечерашнава прес-конференција која се одржа во Владата соопшти дека пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири е хоспитализиран на Инфективната клиника.

-Се теситраат луѓето од тој кластер, и сите 4 -5 семејства во таа општина. Хоспитализиран е Мухамед во болница исто и неговата сопруга и малата Далија. Тие се во добра здравствена состојба, стабилна форма на болеста само со висока темепратура- рече Филипче.

Комисијата за заразни болести правеше анализи, при што се евидентирани многу прекршувања на мерките, со групирања на семејни прослави, без носење заштитан опрема, па поради тоа Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, информираше  министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција, која се одржа во Владата.

-Се воведува целосна забрана за движење во Скопје со сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро, во останатите градови се забранува движење од четврток во 16 часот до понеделник во 5 часот наутро- рече Филипче.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот