Здравствената криза ја зголеми потрошувачката на филмови, ТВ серии, музика, видео игри преку интернет во 2020 година

Филмови, ТВ серии, музика, видео игри … 83 отсто од француските корисници на интернет потрошиле барем едно нематеријализирано културно добро, според барометарот објавен денес од Хадопи (француската јавна агенција за борба против пиратеријата), јави дописникот на МИА.

Здравствената ја допингува потрошувачката на културните добра на Интернет: 83 отсто од француските корисници на Интернет, или 40 милиони луѓе, конзумираа културни добра преку интернет, оваа стапка се зголеми за два поени во споредба со 2019 година, според барометарот објавен во четвртокот од „Хадопи” (Високиот орган за дифузија на дела и заштита на правата на Интернет). Оваа годишна студија ја мери употреба на Интернет за девет културни добра: музика, филмови, серии, фотографии, видео игри, софтвери, дигитални книги, онлајн печат и спортски преноси во живо.

Во 2020 година потрошувачи на културни добра на Интернет „достигна рекордни нивоа”, следејќи го трендот на постојан раст веќе 10 години, се вели во соопштението на јавната агенција за борба против пиратерија. Оваа потрошувачка особено дојде до израз за време на „четвртата недела од затворањето, минатата пролет, со 89 отсто од француските корисници на Интернет на возраст од 15 години и повеќе, кои потрошиле барем едно културно добро на Интернет”, а особено филмови, ТВ серии и музика.

Во пролетта на 2020 година, скоро третина (31 отсто) од корисниците на Интернет се претплатија на барем една понуда во овој период, особено на услуги за видео по потреба. Покрај тоа, во јануари 2021 година, 31 отсто од потрошувачите изјавија дека сега консумираат повеќе културни добра отколку пред второто затворање, рече Хадопи.

И покрај постоењето на понуда за емисии во живо преку Интернет, повеќето од нив (65 отсто) велат дека „сакаат да се вратат што е можно поскоро” во кино, театар или концертни сали, без оглед на возрасните групи или дали се или не се претплатени на културна понуда.

Според студијата, просечната месечна корпа за нематеријализирани културни добра достигна сума од 30 евра во 2020 година.

Минатата година „падот на недозволената потрошувачка (пиратско гледање) инициран од пред три години беше прекинат”, тој се стабилизира на 26 отсто како во 2019 година, забележува Хадопи, посочувајќи на неговото засилување на неделно ниво. Така, Хадопи  смета дека има 43 отсто на недозволени потрошувачи на филмови барем еднаш неделно во 2020 година, наспроти 36 отсто претходната година. Ист тренд за сериите (57 отсто наспроти 46 отсто во 2019 година), книги (49 отсто наспроти 34 отсто) и спортски преноси во живо (46 отсто наспроти 36 отсто).

Но, „само 46 отсто од недозволените (пиратски) потрошувачи на нематеријализирани културни добра сега ја сметаат цената на законската понуда како пречка и 62 отсто од корисниците на Интернет пристапуваат барем до претплата”, вели Хадопи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот