Здравков: Брегалница сака позитивен старт на сезоната против Силекс

фото: fkbregalnica.mk

Брегалница ги заокружи подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, комплетирани и со комплетното освежување на тимот со нови имиња како начин за активно компетитивна улога во домашното елитно првенство во натпреварувачката година која следи.

Шефот на стручнот штаб Горан Здравков е задоволен од текот на подготовките потенцирајќи дека како минува времето низ шампионатот тимот ќе биде оној вистинскиот.

– Минавме навистина добри подготовки преку кои целта беше да се компонира тимот за новата сезона, со оглед и на новите играчи кои сега ги имаме во нашите редови. Формата е темпирана за стартот на новата сезона, но убеден сум дека истата постојано ќе се подобрува низ првенството. Нашата цел се секако квалитетни игри на терен на задоволство на сите наши навивачи – вели Здравков.

Брегалница новото првенство ќе го стартува в недела од 17.00 часот на Градскиот стадион во Штип против добро познатиот ривал, кратовски Силекс.

– Подготвени сме за овој дуел. Изминатиов период неколку првотимци ги измачуваа повреди, но верувам дека ќе бидат подготвени за пресметката со Силекс. Јасно е дека сакаме позитивен старт на сезоната – дополнува Здравков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот