Здравиот банкарски систем овозможи соодветен одговор на кризата

Гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска Бежовска / фото Архива

Ангеловска – Бежовска: Клучно е што во изминатиот период е создаден соодветен монетарен простор што сега овозможува соодветни мерки за одговор на предизвиците од корона-кризата.

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска во обраќање на годинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција посочи дека високото ниво на девизните резерви и здравиот банкарски систем на земјава и овозможуваат соодветно да одговори на предизвиците од корона-кризата.

Според неа клучно е што во изминатиот период е создаден соодветен монетарен простор што сега овозможува соодветни мерки за одговор на предизвиците од корона-кризата.

– Простор за маневри пред сѐ се темели на нивото на девизните резерви, коешто значително порасна во изминатиот период, како резултат на подобрувањето на економските фундаменти и на надворешната позиција на македонската економија, како и на здравиот банкарски систем со солидна ликвидност и адекватна капитална позиција, што се резултат и на засилената регулаторна и супервизорска рамка на централната банка, истакнува гувернерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот