Здрав и вкусен рецепт на Стефанија Несторовска: Пица од карфиол

Фото: Приватна архива

Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска ни приготви лесен, вкусен и здрав оброк – туна крем-салата.

Состојки:

– 1/2 половина карфиол од средна големина
– 60 г вода
– 35 г овесно брашно
– 1+1/2 лажичка прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка оригано
– состојки за горниот дел по желба

Подготовка:

Се мие карфиолот со чиста, ладна вода и се двои на помали парчиња. Во тенџере се додава вода, доволно да го прекрие карфилот. Се остава водата да зоврие и потоа се додаваат парчињата карфиол
Се вари 2-3 минути и потоа се намалува температурата и се остава да се готви се додека карфиолот не е потполно мек кога ќе се боцне со вилушка. Се цеди од водата во која што се варел и се остава малку да се олади, доволно за да не се изгорите.

Во чиста крпа или газа се додава варениот карфиол и се цеди од водата. Овој чекор е доста важен затоа притискајте и цедете колку што можете повеќе. Се додава карфиолот во сад и доколку се уште има некој парчиња кои не се испасирале при цедењето, испасирајте ги.

Се додаваат и останатите состојки и убаво се промешува. Смесата треба да биде налик тесто и лесно треба да се оформува. Додадете вода или брашно по потреба. Се става хартија за печење на површината на работната маса, се додава тестото и одозгора се додава уште едно парче хартија за печење. Со сукало или со дланки формирајте пица во големина и форма по желба

Додадете го тестото заедно со долниот дел од хартијата за печење на тава за печење. Се пече на загреана рерна од 220 степени Целзиусови околу 25 минути. Се додаваат топинзи по желба и се пече уште дополнителни 10 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот