Завршна битка за трофејот во Лигата на нации: Италија по обединување на европските титули, Шпанија посакува одмазда
Натпреварите во групната фаза од второто издание во Лигата на нации заврши уште минатата година, а од вечерва четири најдобри репрезентации од Лига А ја започнуваат битката за тоа кој ќе ја наследи Португалија на најновото европско репрезентативно натпреварување.
На завршниот турнир кој се игра во Италија учество обезбедија Италија, Белгија, Шпанија и Франција. На „Сан Сиро“ во Милано вечерва (20.45 ч.) ќе играат полуфиналистите од Евро 2020, Италија и Шпанија, додека утре во Торино во второто полуфинале ќе се сретнат Белгија и Франција.
Последната пресметка помеѓу Италија и Шпамија беше пред три месеци, во полуфиналето на Евро 2020 кога натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, идентитечен беше резултатот и по продолженијата, а „азурите“ славеа во пенал серијата.
– Тоа е натпревар на кој највеќе патевме на Евро 2020. Сепак, сега не очекува сосема поинаков натпревар. Шпанија е одличен тим, со квалитетни играчи и не очекува интересен натпревар – вели селекторот на Италија, Роберто Манчини.
Токму Манчини е најзаслужен за успесите на Италија, репрезентацијата од неговото доаѓање на селекторското столче игра фантастично и ја краси офанзивен фудбал. Италијанците посакуват да ги обединат титулите во двете европски репрезентативни нанатпреварувања.
– Во соблекувалната владее фантастична атмосфера, изминатото лето поминавме 50 дена заедно. Имавме тешки денови, но немавме проблеми. Има неверојатно силна хемија која е тешко да се објасни – потенцира Манчини чија репрезентација веќе 37 натпревари не знае за пораз.
Од друга страна, Шпанците посакуваат одмазда за поразот во полуфиналето на ЕП, а потоа и да се обидат да триумфираат во Лигата на нациите.
– Би сакаме да триумфираме во ова натпреварување. Не очекува интересен натпревар, играме против европскиот шампион и тоа на негов терен. Поголема мотивација од тоа не е потребна – вели селекторот на Шпанија, Луис Енрике.
Финалето и натпреварот за третото место ќе се играат в недела. Доколку натпреварот за трето место заврши без победник во регуларните 90 минути, нема да се играат продолженија туку веднаш ќе се изведуваат пенали, додека во останатите натпревари, полуфиналињата и финалето може да се играат и продолженија.