Заврши преодниот рок во НБА, Рондо се врати во ЛА, Оладипо се пресели на Флорида
Преодниот (трејд) рок во НБА заврши, а во последните моменти од истиот се случија размени во кои главни ѕвезди беа двајца ол стар кошаркари.
На Виктор Оладипо му се исполни желбата да си замине од Хјустон и до крајот на сезоната ќе настапува за Мајами хит. „Жешките“ поради Оладипо се откажаа од Кели Олиник и Ејвери Бредли.
Вториот ол стар кошаркар кој е разменет во последен момент е Ражон Рондо кој се врати во Лос Анџелес, но не во Лејкерси туку во Клиперс. Атланта во замена за Рондо ги доби Лу Вилијамс, два избори од драфтот и одредена сума на пати.
Џеј Џеј Редик од Њу Орлеанс е разменет во Далас маверикс заедно со Николо Мели. Далас во Њу Орлеанс ги испрати Џејмс Џонсон, Вес Ивунду и избор од втората рунда на драфтот.
Ламаркус Олдриџ ќе стане слободен играч бидејќи Сан Антонио ќе му го откупи договорот, а тој најверојатно ќе се пресели во Мајами.
Голден Стејт го испрати Маркис Крис во Сан Антонио во замена за Кеди Лалејн,.
Мо Вагнер и Трој Браун повеќе нема да играат за Вашингтон бидејќи екипата ги испрати во Чикаго во замена за Даниел Гафорд и Чендлер Хачинсон.
Џорџ Хил е нов кошаркар на Филалдефија сиксерс, додека Тони Бредли, Остин Риверс и два избори од втората рунда на драфтот завршија во Оклахома.
Мајами во последниот ден од преодниот рок го донесе и Немања Бјелица од Сакраменто во замена за Крис Силва и Мо Харклс.