Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER//EPA-EFE/NINA PROMMER

Заврши љубовта меѓу Ирина Шајк и Том Брејди: Во неговата иднина ќе има повеќе супермодели

На кратката љубовна приказна меѓу Ирина Шајк и Том Брејди ѝ дојде крајот.

Брејди, кој по 13 години брак се раздели од поранешната сопруга Жизел Бундхен во 2022 година, беше забележан со Шајк во повеќе наврати во последниве месеци и покрај нивните обиди да ја задржат романсата во тајност, пишува „Дејли меил“.

Сепак, „ТМЗ“ известува дека Брејди (46) повеќе не се забавува со 37-годишната Шајк, откако тие заеднички одлучиле да се разделат.

Како што пишуваат странските медиуми раскинувањето на славната двојка било мирно, без драми и скандали, а спортистот и манекенката не се ни виделе во последните недели бидејќи таа е во Њујорк, а тој во Мајами.

“Брејди во моментов не е заинтересиран за сериозна врска. Негов приоритет се децата и работата. Во иднината на Том ќе има уште супермодели”, открил извор за ТМЗ.

Гласините за љубовта на Ирина и Том започнаа кон средината на летото, а не долго потоа парот беше фотографиран како разменува нежности.

Шајк, претходно се забавуваше со фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и познатиот актер Бредли Купер, со кого има шестгодишна ќерка.

Минатиот месец таа ги поттикна гласините за потенцијално повторно обединување со Купер со објавување на фотографија од нејзиниот поранешен на социјалните мрежи, но Бредли по се изгледа дека ужива во нова романса со друга манекенка, Џиџи Хадид.

ФОТО | Ирина Шајк во топлес издание на заедничкиот одмор со Бредли Купер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот