ФОТО | Ирина Шајк во топлес издание на заедничкиот одмор со Бредли Купер

Фото: Инстаграм/Ирина Шајк

Рускиот модел Ирина Шајк и нејзиниот поранешен партнер, актерот Бредли Купер, се на заеднички семеен одмор со нивната шестгодишна ќерка Леа.

Иако повеќе не се заедно, тие имаат пријателски однос и често се среќаваат за да поминат квалитетно време со ќеркичката.

Сега убавата Русинка сподели неколку фотографии од одморот, на кои таа е во топлес издание.

„Карпесто лето“, напиша Шајк во описот на нејзините фотографии.

Фото: Инстаграм/Ирина Шајк
Фото: Инстаграм/Ирина Шајк
Фото: Инстаграм/Ирина Шајк
Фото: Инстаграм/Ирина Шајк
Фото: Инстаграм/Ирина Шајк

Исто така, таа сподели и една фотографија од Купер, на која тој е без маица и лежи на кајак во близина на плажата.

Фото: Инстаграм/Ирина Шајк

Овие фотографии доаѓаат среде гласините за новата романса на Ирина Шајк со рагбистот Том Брејди. Како што изјави извор за „Пипл“, таа е „многу среќна“ со спортистот, кој до неодамна беше во брак со бразилскиот модел Жизел Бундшен.

„Тој е нејзиното момче од соништата. Таа навистина ужива во состанувањето со него. На неа не ѝ пречи да патува за да го види. Таа е многу возбудена за оваа врска“, изјави изворот за „Пипл“.

ФОТО+ВИДЕО | Заедно го бодреа Новак: Јелена во беспрекорно издание, а покрај неа еден од најголемите спортисти во историјата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот