Завиткано тело пронајдено во река во Црна Гора, рацете му биле врзани

Телото на маж на возраст околу 30 години е пронајдено со врзани раце и тешки повреди во коритото на Шекуларската река кај Беране. Првичната обдукција укажува на насилна смрт, а полицијата и обвинителството отворија истрага за идентификација и можен мотив.

Синоќа, безживотно тело на маж е пронајдено во коритото на Шекуларската река во Беране, Црна Гора, а сите околности укажуваат дека станува збор за убиство, објави „Вијести“.

Според црногорските медиуми, телото е пронајдено во коритото на Шекуларската река од страна на мештаните, на локација оддалечена околу 18 километри од Беран и само 9,5 километри од границата со Косово, и тие веднаш ја известиле полицијата.

Првите резултати од прегледот и обдукцијата укажуваат на насилна смрт, пишува Стандард, повикувајќи се на неофицијални, но добро информирани извори. Според истите информации, станува збор за маж на околу 30 години чии раце биле врзани со јаже.

На телото биле видливи повеќекратни и тешки повреди нанесени од тапи и остри предмети, вклучувајќи бројни модринки и фрактури на главата и телото, што дополнително ги потврдува сомневањата на истражителите дека станува збор за сериозно кривично дело.

Полициската управа издаде официјално соопштение во кое потврдува дека на местото на настанот се води истрага и дека се преземаат сите потребни дејствија за расветлување на случајот.

„Службеници на Одделот за безбедност Берана во соработка со Вишото државно обвинителство во Бијело Поље преземаат мерки и дејствија за утврдување на идентитетот на безживотното тело, причината за смртта и сите факти и околности поврзани со пријавениот настан“, се наведува во соопштението за медиумите.

Телото на мажот е испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта и да се соберат дополнителни до

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот