Скопско кале - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Скопско кале - Фото Слободен печат / Методи Здравев

Запознајте го Центар со тематски прошетки, Општината објави јавен повик

Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на проектот е граѓаните да ја запознаат архитектурата, историјата и културното наследство во срцето на градот.

Центар има богата историја и многу културни обележја. Со овие прошетки сакаме граѓаните да ги запознаеме со автентичните приказни што стојат зад секое култно место во нашата општина, а ги има навистина многу, порача Герасимовски.

Проектот предвидува организирање тематски обиколки со стручно лице низ старите центарски населби.  Учесниците на јавниот повик треба да предложат најмалку три организирани посети на локација, со ангажман на водич, историчар на уметноста или кустос, како и програма за посета на локациите.

Рокот за поднесување на пријавите е 5 дена од денот на објавувањето на повикот на општинската веб-страница.

Пријавите со целокупната документација може да се достават по пошта или лично во Архивата на Општина Центар .

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот