Започна реконструкција на булеварот „Кочо Рацин“ кај „Веро Џамбо“
Град Скопје денеска започна со реконструкција на булеварот „Кочо Рацин“, на потегот од „Веро Џамбо“ до раскрсницата кај катната гаража кај „Макпетрол“.
– Реконструкцијата ќе се одвива во наредните 40 денови, во должина од околу 880 метри и бидејќи се одвива во сериозно сензитивни раскрсници, ќе продолжиме да го применуваме принципот на брзо, експидитивно квалитетна работа, со цел да го намалиме сообраќајниот метеж – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Градоначалникот најави и реконструкции на булеварот кај Бит Пазар и улицата „Павел Шатев“. Градот годинава ќе потроши околу 8 милиони евра за реконструкција на улиците.
Шилегов испрати апел до граѓаните дневно да се информираат за сообраќајниот режим со цел да се обезбеди што е можно побрзо одвивање на работата.