Запален олимпискиот оган за Зимските олимписки игри во Пекинг, церемонијата не помина без проблеми

Во древната Олимпија беше запален олимпискиот оган за ЗОИ во Пекинг/ фото: EPA-EFE/POOL/Thanassis Stavrakis

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри во Пекинг кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година, денеска е запален во древната Олимпија, место од каде традиционално го започнува патот кон градот домаќин.

Олимпискиот оган е запален нешто по 12 часот по локално време и тоа на традиционален начин во Олимпија.

За прв пат по ред и трет пат во историјата на модерните Олимписки игри, традиционалната церемонија е одржана зад затворени врати поради пандемијата на коронавирусот.

На свечената церемонија присуствуваа претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу како и претставници на грчкиот и кинескиот олимписки комитет и помал број на новинари.

– Во овие тешки времиња во кои живееме, Зимските олимиски игри во Пекинг ќе бидат важен момент за собирање на светот во духот на мирот, пријателството и солидарноста – изјави Томас Бах.

Активисти од Тибет протестираа против идниот домаќин на ЗОИ Пекинг/ фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Церемонијата не помина без инциденти и тоа благодарение на активистите од Тибет кои протестираат против кршењето на човековите права во Кина и се обидоа да дојдат до местото каде се одржа церемонијата на палење на олимпискиот оган.

Тие ја преминаа ограда и трчаа кон Храмот на божицата Хера каде се одржуваше церемонијата притоа држејќи транспарент „Не за геноцидните Игри“ по што беа уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот