Закажан спектакл во Црна Гора: Ќе се појави и Мекгрегор
Најпознатата светска организација за бокс без ракавици, БКФЦ најави голем настан кој ќе се одржи на 30 август во Будва. Централна борба на вечерта ќе биде пресметката меѓу црногорскиот борец Васо Бакочевиќ и Австриецот Вилхем Отом, кој има искуство и во ММА арената.
Препорачано
Покрај главната борба, љубителите на боречките спортови ќе имаат можност да проследат и регионален дуел меѓу Бојан Коседнар и Петр Ражов кој ќе се одржи пред главната борба.
Она што го прави овој спектакл уште поатрактивен е најавата за присуство на ѕвездата на УФЦ и еден од сопствениците на БКФЦ, Конор Мекгрегор. Иако тој нема да се натпреварува, неговото присуство носи голема медиумска тежина и сигурно дава дополнително значење на настанот.
Бакочевиќ веќе има солидно искуство во оваа боречка дисциплина, со скор од пет победи и само еден пораз, што го прави фаворит во пресметката со Австриецот. Очекувањата се дека Будва ќе биде домаќин на вистински боречки спектакл, а останува да видиме како на крајот се ќе помине.
View this post on Instagram


