Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Захарова: Америка има корист од прекинот на транзитот на руски гас преку Украина до Европа

Одговорноста за запирање на транзитот на руски гас низ Украина е целосно на Америка, марионетскиот режим на Киев и властите на ЕУ. Заради финансиска поддршка на американската економија ја жртвуваа благосостојбата на своите граѓани, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Киев донесе одлука да го запре транзитот на гас од Русија иако Гаспром ги исполни сите договорни обврски“, рече Захарова.

Според неа, прекинот на испораките на конкурентна и еколошки чиста руска енергија не само што го ослабува економскиот потенцијал на Европа, туку на најнегативен начин влијае и на животниот стандард на европските граѓани.

„Геополитичката основа на одлуката на Киев е она што е видливо, а главната придобивка од прераспределбата на европскиот енергетски пазар се САД“, посочи таа.

Да потсетиме, компанијата „Гаспром“ остана без техничко-правната можност да испорача гас за транзит низ Украина, пренесува Спутник.

Поради истекот на договорот со компанијата „Нафтогас Украина“, рускиот гас нема да се испорачува од 08:00 часот по московско време на 1 јануари, соопшти претходно руската компанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот