Загубите на авиокомпаниите оваа година – 84 милијарди долари

Авион на писта/ Фото Архива на Слободен печат

Кризата предизвикана од новиот коронавирус ќе им предизвика на авиокомпаниите  рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари и ќе биде запаметена 2020 година како „најлоша година во историјата на авијациската индустрија”, соопшти Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА).

„Финансиски, ќе се сеќаваме на 2020 година како најлоша година во историјата на авијациската индустрија”, рече извршниот директор на ИАТА, Александар де Јуниак.

Сепак, тие очекуваат воздушниот патнички сообраќај да порасне за 55 проценти следната година, од депресивно ниво оваа година, но сепак ќе биде за 29 проценти под нивото од 2019 година.

Во својата ажурирана проценка, здружението предвидува дека авијацискиот сектор ќе продолжи да бележи загуба од најмалку 15,8 милијарди американски долари во 2021 година. Така, вкупните загуби како резултат на кризата поради короната ќе достигнат близу 100 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот