Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Заев за отворањето на границите без ПЦР тест: Прво да се води сметка за здравствениот, а потоа за економскиот аспект

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при носењето одлука за отворање на границите во регионот со или без ПЦР тестови, пред се прво треба да се води сметка на здравствениот, а потоа на економскиот аспект.

-Ќе треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите и на здравствениот и на економскиот аспект, и двата се подеднакво важни, секако најважниот преовладува тоа е здравјето на луѓето. Некојпат и економските ресори велат нека страда економијата ако здравствениот ризик е поголем, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училиштето „Коменски” во Општина Карпош.

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

-Министерот за здравство ќе ги доврши своите консултации со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е конечно таа што ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без ПЦР тестови или со ПЦР тестови, посочи премиерот Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот