Заев: Јас не сум за полициски час

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот Зоран Заев денеска го даде своето мислење во пресрет на очекуваните нови мерки кои Комисијата за заразни болести ќе ги даде за намалување на бројот на заразени од ковид 19.

– Јас не сум за целосен лок даун. Сметам дека тоа ќе влијае на економијата. Гледам дека граѓаните ги почитуваат мерките, еве и сега тука сите носиме маски. Ако Комисијата има предлози кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние ќе ги прифатиме, ама нема да брзаме со полициски час, рече Заев.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

-Верувам дека ќе бидеме мудри, а и многу често учиме и споделуваме искуства од другите земји, истакна денеска премиерот Зоран Заев при обиколката на претоварна станица во Скопје, каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела, прашан за следните мерки кои треба да се превземат во однос на зголемените бројки од заразени со коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот