Заев: Ја поднесов мојата оставка

Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада, вели Заев.

Премиерот Зоран Заев на неговото гостување во Утрински брифинг соопшти дека утринава ја поднел неговата оставка и дека очекува процедурата да започне набргу во Собранието.

– Веројатно во моментот се поднесува. Утрово во 8.30 владата работи. Јас бев на работа, ја потпишав оставката, согласно договорот и согласно Законот за Влада. Верувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за да може да почне процедурата во текот на денот за избор на преодната Влада, вели Заев.

На прашањето како очекува да помине денот, при процедурата за неговата оставка и избор на новата техничка влада Заев за Утрински брифинг одговори:

– Би требало да помине глатко и би требало нормално, ако сме нормална земја сепак заедничка влада се бира. Уште еднаш да напоменам оваа пракса на влада беше воспоставена 2016 на наше барање. Во моментот кога се преговараше за Преспанскиот договор беше побарано тоа од опозицијата и чесно и достоинствено е да се даде нешто што сте го барале токму и вие. Јас верувам дека на тој начин се задоволува право на опозицијата да биде контролор, но секако да си презеде и своја одговорност. Денеска доаѓа до ревизација. Денешниот ден почнува со мојата оставка, оставката во секој момент би требала да стигне во архивите на Собранието, каде претседателот на Собранието го свикува Собранието. Со констатирање на оставката веројатно ќе се прави пауза за да може новиот кандидат за премиер Оливер Спасовски да го добие самиот мандат и да ги достави предлозите до Собранието. Предлозите се два пакети, едниот е на министрите на Влада, а вториот се заменик-министрите. Тоа е таканаречената пржинска Влада или дополнителната Влада која има задача да ги формира демократските избори и секако најголемо очекување на нашите граѓани, секако и мое е дека навистина ќе имаме избори за пример.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот