Заев и Ахмети пристигнаа на разговори во Собранието

Ахмети, Заев, Фото: Драган Митрески

Претседателот на Собранието попладнево го повикал претседателот на владата Зоран Заев, за лично да го информира за поднесената иницијатива за гласање на доверба на Владата и понатамошните деловнички чекори, објави ТВ24.

Во исто време, според МКД.мк, во Собранието во моментов на разговори со Заев е дојден и Али Ахмети, лидерот на ДУИ, втората по големина партија во владината коалиција. Оваа средба доаѓа по денешното поднесување на барањето за гласање за доверба на Владата поднесена од 61 пратеник од новото собраниско мнозинство меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Веднаш по поднесувањето на иницијатiвата, Талат Џафери, претседателот на Собранието, закажа собраниска седница за в четврток во 11 часот на која ќе се расправа за барањето потпишано од 61 пратеник. Според Деловникот на Собранието, расправата за доверба на Владата треба да заврши истиот ден, најдоцна до полноќ со гласање за смена на Владата.

Пред осум дена, на 31 октомври, по завршување на локалните избори, премиерот Зоран Заев соопшти дека поднесува оставка на премиерската функција и дека се повлекува од лидерската позиција во неговата партија СДСМ, но тоа официјално сѐ уште не го сторил.

Видео на денот