Заедничка операција: Русија и САД разбија криминална мрежа што шверцувала кокаин

Фото: EPA/Andres Cristaldo

Во заедничка акција на Федералната служба за безбедност на Русија и Управата за борба против наркотици на САД е откриена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Русија и во Европа.

Во акцијата се запленети 330 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над 11,06 милиони евра.

Припадниците на криминалната мрежа се приведени и против нив е поведена кривична постапка, пренесува агенцијата ТАСС.

Првата фаза од заедничката операција на Федералната служба за безбедност на Русија и Управата за борба против наркотици на САД била спроведена во мај оваа година, кога едно лице беше фатено во Санкт Петербург со килограм кокаин.

Во јуни, членови и еден од водачите на криминалната група беа уапсени, откако се обидоа да продадат 34 килограми кокаин.

Во последната фаза од операцијата во ноември, во московскиот регион, се пронајдени најмалку 295 килограми кокаин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот