„Задруга“ се укинува за десетина дена, сопственикот на Пинк го послуша Вучиќ

Фото: Инстаграм/Жељко Митровиќ/Скриншот/Јутјуб

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера откри дека испратил барање до сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, да ја разгледа можноста за укинување на реалните шоуа на таа телевизија во рок од неколку дена.

Како потсетување, едно од барањата на протестот „Србија против насилството“ беше укинување на програмите кои промовираат насилство и неморал, како што се реалните шоуа.

Митровиќ набрзо на својот твитер-профил потврди дека ќе го укине реалното шоу „Задруга“ за десетина дена.

„По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја укинам реалити програмата ‘Задруга’ во најкус можен рок, не подолго од десет дена. Верувам дека единството на Србија и проценката на претседателот е поважна од секој интерес на Пинк и мојот личен интерес!“, напиша Митровиќ на Твитер.

За оние кои не знаат, „Задруга“ е реално шоу кое се емитува на телевизија Пинк од 2017 година. Неретко е критикувано поради тоа што промовира насилство, неморал, алкохолизам и други пороци, а во неа учествувале и осудени криминалци.

ВИДЕО: „Задруга“ оди во историјата, најави Жељко Митровиќ по реакциите во српската јавност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот