ВИДЕО: „Задруга“ оди во историјата, најави Жељко Митровиќ по реакциите во српската јавност

Фото: Пинк / принтскрин

По двете масовни убиства кои изминативе недели ја шокираа српската јавност, илјадници луѓе се потпишаа на петиција за укинување на реалните телевизиски шоуа, а граѓаните преку масовни протести порачаа дека им е доста од промовирањето насилство и искривени вредности во таквите емисии.

Сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, синоќа за првпат влезе меѓу учесниците на „Задруга“, една од емисиите во кои учествуваат старлети и осудувани криминалци и во која постојано можеа да се видат сцени на насилство, простачки речник и однесување и нецензурирани експлицитни сцени.

Митровиќ дека ова е последна сезона на реални шоуа од ваков вид на неговата телевизија, а „Задруга“ и официјално ќе заврши засекогаш по тековната сезона.

Митровиќ им кажа на учесниците дека „Задруга“ е повеќекратно наградуван телевизиски проект на „Пинк“ и дека се многу горди на емисијата, но дека таа мора да биде укината по бројните реакции од публиката, меѓу кои имало и верни гледачи на „Пинк“. Објаснувајќи за рејтинзите и за таргет-групите и обвинувајќи ги критичарите на телевизијата и на реалните програми, тој навести дека тоа како публиката гледа на „Пинк“ и неговите содржини, односно можноста да изгубат гледачи била меѓу причините зошто се одлучиле да се прекине емитувањето на „Задруга“. Тој додаде продукцијата нема да толерира физички пресметки или друго недолично однесување до крајот на реалното шоу и дека секој што ќе го прекрши ова ќе биде строго казнет и исфрлен без да му биде исплатен хонорар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот