За разводот на Мелинда и Бил Гејтс се огласи и нивната ќерка Џенифер: Ова беше предизвик за целото наше семејство

Instagram

Веста дека Мелинда и Бил Гејтс се разведуваат по 27 години брак ја шокираше јавноста, најмногу затоа што немаше индиции дека нешто не е во ред со нивниот брак.

Во понеделникот попладне Мелинда Гејтс сподели со јавноста дека поднела барање за развод во Вашингтон од Бил Гејтс по цели 27 години брак. Тие имаат три деца – Џенифер, Рори и Фиби.

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

Имено, во 1994 година, кога донеле одлука да се венчаат на Хаваите на новогодишната ноќ, тие не потпишале предбрачен договор, не помислувајќи дека ќе заработат милјарди и милјарди долари заедно, ниту дека нивната љубов некогаш ќе заврши.

Тие ќе сега треба да преговараат на суд – особено за распределбата на имотот. Во своето барање за развод, 56-годишната Мелинда Гејтс истакнала дека не ѝ е потребна финансиска поддршка од нејзиниот сопруг.

Не е познато кога се распаднал нивниот брак, но објавата објавена на Инстаграм од самата Мелинда вели дека нивниот брак бил „неповратно срушен“. Тужбата за развод е закажана за следната година, поточно за април 2022 година, а судот уште еднаш ќе ги разгледа сите детали во септември оваа година.

Веднаш по поднесувањето на барањето за развод, Мелинда Гејтс поднела автоматска привремена забрана за финансиски ограничувања, што всушност ја ограничува неа или Бил Гејтс да располага со имотот или да прави измени во полисите за осигурување сè додека не се реши сè меѓу нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Нивната најстара ќерка, 25-годишната Џенифер Гејтс, се огласи на социјалните мрежи за разводот на нејзините родители.

Досега повеќето од вас ја слушнале веста за разводот на моите родители. Ова беше предизвик за целото наше семејство и јас сè уште учам како најдобро да ги процесирам своите чувства, но и да ги поддржам членовите на семејството и сум бладарна што ми е оставено доволно простор. Јас лично нема да коментирам повеќе за нивниот развод, но знајте дека вашите љубезни зборови и поддршка ми значат многу. Ви благодариме што ја разбравте нашата желба за приватност“, напиша Џенифер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот