За првпат по Мегзит: Меган Маркл се јави од својот нов дом (ВИДЕО)
На инстаграм-профилот „Паметни работи“ (Smart Works) се појави видео од Меган Маркл, а ова е всушност првото вакво видео откако таа и принцот Хари ги напуштија кралските должности.
Меган во видеото споделува совети со кои им помага на невработените жени во подготовките за интервјуа за работа.
Меган во видеото ѝ дава совети на една девојка која се подготвува да зборува за стажирање. Со младата Британка, Меган разговара од нејзиниот дом во Лос Анџелес.
Покрај видеото со кое се охрабрува девојката која неодамна дипломирала психологија, е објавена и порака која Меган ја испрати до организацијата.
– Голема чест беше да се сретнеме и да учиме од толку многу талентирани жени од мрежата „Паметни работи“, а неодамна направија неверојатната работа за да ги прилагоди своите програми на оваа пандемија. Нивната способност да продолжат да ги зајакнуваат жените и да им помогнат да градат доверба е инспиративна. Тие треба да успеат во ова време – изјави Меган.
Меган, Хари и нивниот син Арчи во моментот живеат во новата куќа во Лос Анџелес, каде што живее и мајка и на Меган.