За пет часа казнети 174 пешаци

Санкционирани се 174 пешаци од кои, 144 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, осум за минување на црвено светло/ Фото: Архива на Слободен печат

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11 до 16 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

Санкционирани се 174 пешаци од кои, 144 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, осум за минување на црвено светло… Од нив 32 на територија на СВР Битола, 27 на територија на СВР Тетово

За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, посочуваат од МВР.

Санкционирани 160 возачи за брзо возење во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот