За ноќна смена треба да пополните образец на страната на СКМ
Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата, информира главниот советник на Комората, Зоран Јовановски.
Компаниите кои работат во смени и се регистрирани за ноќна работа можат на интернет страницата на Стопанската комора на Македонија (www.mchamber.mk) да го најдат образецот за издавање на дозвола за движење на своите вработени за време на полицискиот час.
Препорачано
– За да биде валиден овој образец, компаниите регистрирани за работа во смени и ноќна работа кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, треба овој образец да го пополнат со потребните информации за работникот, да го вчитаат на нивен меморандум и да стават потпис и печат од одговорното лице во правното лице. Ваквата дозвола за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена исклучиво од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата, информира главниот советник на Комората, Зоран Јовановски во денешното електронско обраќање до медиумите поради вонредните околности во државата воведени за заштита од коронавирусот.


