Безбедносни камери во Скопје / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

За „Безбеден град“ Филипче има резерва за висината на казните и за контролата на податоците

Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни партиски цели.

 Законот за „Безбеден град“, со кој се регулира еден многу значаен дел од сообраќајот со кој се намалува ризикот од несреќи, апсолутно во тој дел го поддржуваме, вели лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, нагласувајќи дека има две битни работи за коишто треба да се зборува – за висината на казните и за тоа што и кој ги контролира огромната количина на податоци, кои системот ги собира.

Прашан дали СДСМ ќе даде поддршка за измените на Законот за прекршоци, по кои расправата во Собранието веќе е завршена, Филипче рече дека ставот ќе го кажат на собраниска седница, нагласувајќи дека овие две работи не може туку така да поминат.

– Станува збор во моментов  за власт  на ВМРО-ДПМНЕ, којашто има историја на злоупотреба на служби за безбедност, пратење и прислушкување на огромен број на граѓани. Не сме комотни да туку така, тој дел помине без дискусија. Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни партиски цели. Така што, ќе се дебатира во Собранието за овие две работи – изјави Филипче.

За реформските закони во Собранието Филипче рече дека за се што е процес во Собранието и е дел од регуларна комуникација, апсолутно ќе бидат дел од тие процеси.

– Ние, нашиот глас секако дека ќе го кажеме во Собранието, ама да даваме легитимитет на ваква власт за да има повторно само лажна најава дека спроведуваат некакви реформи, како што беше после мојата средба со Мицкоски, едноставно не може да им се верува – изјави Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот