Фото: ГРК Охрид

Вуко Борозан од следната сезона ќе игра за РК Алкалоид

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан (32) ќе игра и за трет македонски клуб, Алкалоид, следната сезона, дознава Моцарт Спорт. До крајот на минатата година беше во Вардар, зимата се пресели во ГРК Охрид, а следната сезона црногорскиот претставник повторно ќе биде во главниот град.

Поради повреда, искусниот лев бек нема да биде во составот на Борис Ројевиќ денеска во реваншот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп против словенечкиот Цеље. Охриѓан бркаат гол негатива против поранешниот европски шампион пред преполните трибини во салата „Билјанини Извори“ за пласман во клупското натпреварување.

Борозан пристигнува во Алкалоид, кој имаше турбулентна сезона, најслаба во ерата на Кирил Лазаров. Тој е само четврти во македонското првенство, зад Вардар, ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер. Црногорецот ќе се бори за минутажа во Алкалоид со српскиот репрезентативец Урош Борзаш, кој ја размени Битола за Алкалоид минатото лето.

Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп за 2025 година треба да има повеќе странци следната сезона. Концептот со само двајца странци и потпирање на домашни сили очигледно е во ќорсокак, па затоа е потребна свежа крв во амбициозниот скопски клуб. Следната сезона боите на Алкалоид ќе ги брани Словенецот Нејц Цехте, сега играч на Фуксе Берлин, кој во таборот на „Лисиците“ пристигна од Еурофарм Пелистер кон крајот на минатата година.

Борозан имаше богата кариера, ja освои Лигата на шампионите со Вардар 1961, подоцна ги бранеше боите на Веспрем, а потоа неговата кариера почна да опаѓа. Пред две години се врати во Скопје, во Вардар, па ја прекина соработката со скопските „црвено-црни“ и пристигна во Охрид, но штом почна да игра за новиот клуб, се повреди, па не придонесе многу за успехот на „Гладијаторите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот