Вујовиќ не е повеќе тренер на ППД Загреб

фото:твитер

Поради лични причини е донесена одлуката да ја напушти клупата на хрватскиот ракометен шампион…

После нешто повеќе од пола година на клупата, Црногорецот одлучи да го напушти хрватскиот шампион.

Веселин Вујовиќ не е повеќе тренер на ракометниот клуб ППД Загреб! Поради лични причини ја напушти тренерската функција. Му посакуваме среќа во иднина! Благодарам Вујо! – објави клубот на социјалните мрежи.

Се врати во хрватскиот главен град кон крајот на минатата година кога Словенецот Бранко Тамше доби отказ после низата лоши резултати.

Вујовиќ претходно го водеше тимот од 2014 до 2016 година, а тогаш неговата екипа успеа да го совлада два европски гиганти, Барселона и Рајн Некар Левен.

Во својата тренерска кариера го водеше и Вардар, а воедно беше поранешен селектор на сите наши ракометни селекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот