Вујин: Ги анализиравме нашите грешки, желбата е да победиме во Полска!

Semi Final Match 2 - Vardar 1961 vs PPD Zagreb, Final Four - SEHA - Gazprom league, Zadar ,04.09.2020 , Mandatory Credit © Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

„Црвено-црните“ утре (20.45 часот) ќе се обидат на гостувањето против Кјелце да забележат добар резултат и покажат дека и тие се во борба за една од позициите кои водат во наредната фаза од Лигата на шампионите.

Вардар 1961 во претходното коло загуби во Скопје од полската екипа (29:33), составот на тренерот Стевче Алушовски ги анализираше грешките од првиот меч и ќе се обиде овојпат да се покаже во многу подобро светло.

На такво нешто се надева и десниот српски бек на актуелниот европски шампион, Марко Вујин:

Георгиевски за Кјелце: Одбраната им е послаба, но имаат феноменален напад!

– Кјелце е еден силен противник, тоа го видовме на домашен терен на претходниот натпревар. Играњето без публика и играњето на домашен терен и не носи некоја голема улога за домашната екипа. Одработивме неколку тренинзи, направивме анализа и ги видовме грешките од првиот меч. Се надевам дека тоа ќе го поправиме.

Станува збор зе една врвна сериозна екипа, но и ние сме исто така. Одиме на позитивен резултат, желбата е да победиме, па ќе видиме на крајот што ќе се случи – вели Вујин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот