Вучиќ откри кога би можел да распише предвремени избори
Српскиот претседател и член на претседателството на владејачката СНС, денеска изјави дека предвремените парламентарни избори би можеле да се распишат „кога ќе завршат подготовките за саемот „Експо“, кој ќе се одржи во Белград во 2027 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Ќе победиме и на тие избори“, рече Вучиќ за време на посетата на селото Јелашница во близина на Зајечар, одговарајќи на новинарско прашање за коментарите дека се плаши од изборите, според „Телеграф“.
„Го имаме „Експо“ и мора да се подготвиме за него. Токму кога ќе ги завршиме подготовките за „Експото“, ќе одржиме предвремени избори, а на тие избори… се плашам дека направија голема грешка. Кога мислев дека шансите се тука, веќе ги нема, тогаш ќе ги победиме убедливо“, рече Вучиќ.
Запрашан дали може да им каже на граѓаните кога ќе завршат блокадите во Србија, тој одговори дека „тие во суштина престанаа, само некои луѓе сè уште не го разбрале тоа“, бидејќи не следат и не слушаат што зборува народот.
„Затоа ќе мора да се обидат да спроведат уште малку насилство. Тоа насилство исто така ќе пропадне и тоа е тоа, тоа е крајот“, рече Вучиќ.


