Врањеш: Целта на Словенија на ЕП е да се победи Македонија

Словенија е прв противник на Македонија на ЕП/ фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany

Ракометната репрезентација на Словенија ги започна подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка (13-30 јануари) и каде првиот натпревар ќе го игра против Македонија.

Натпреварот ќе се игра на 13 јануари во Дебрецин, а селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, вели дека победа над Македонија е главната цел на неговите ракометари бидејќи тоа им ги отвора вратите за пласман во наредната рунда. Покрај Македонија и Словенија, во групата А која се наоѓаат уште и Данска и Црна Гора.
– Првата цел е да ја победиме Македонија бидејќи тој триумф ни носи пласман во следната фаза – изјави Врањеш.

Првиот дел од подготовките, Врањеш ќе го посвети на физичката подготовка на ракометарите иако на нив ќе недостасуваар неколку ракометари кои ќе се приклучат на репрезентацијата на почетокот од идната година.

– Првите денови од подготовките ќе ги искористите за играчите да се рехабилитираат по клупските настапи. Најголем дел од нив се одлично физички подготвени бидејќи дојдоа од екипи кои пред десетина дена ги завршија настапите оваа година и имаа доволно време за одмор. Мора да се фокусираме на физичката сила и поради тоа ќе тренираме во теретана – додава Врањеш.

Според планот на селекторот Врањеш, Словенија ќе одигра три контролни натпревари, а првиот ќе се игра утре во Целје против Хрватска. На почеток од идната година ќе следат уште два натпревари против Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот