Вранишковски: Пендаровски бара признавање на МПЦ на погрешна адреса

Неодамнешното писмо кое претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, го испрати до  Цариградската патријаршија со кое побара официјално признавање Македонска православна црква – ОА, беше повод српски „Блиц“ да побара став од расчинетиот владика Јован Вранишковски, кого СПЦ го признава како архиепископ на Православната Охридска Архиепископија – ПОА. 

Позицијата на Српската православна црква за тоа прашање беше дефинирана во 2002 година – најширока автономија да, независност не, пишува српски „Блиц“.

Барањето на Пендаровски, Вранишковски за „Блиц“ го толкува како влијание на политиката во црковните работи.

– Претседателот на Северна Македонија требаше прво да биде информиран за тоа што значи „апелационо право“ и дали го има Цариградската патријаршија за да се решат прашањата во надлежност на другите автокефални цркви. Вака се чини несериозно претседателот на една држава да бара нешто што е адресирано некому кој не е во можност тоа да го достави. Северна Македонија не е теократска држава и претседателот нема никакво право да привилегира една верска заедница на сметка на друга, вели тој.

Запрашан „дали државниот врв на Македонија ја деградира СПЦ и го користи конфликтот меѓу Цариградската патријаршија и Московската патријаршија по украинското прашање, за да постигне автокефалност на МПЦ“, Вранишковски одговори:

-Украинската црква ја признаа само од три од 14 локални цркви. Ако истото неканонско признавање на автокефалноста се примени и на МПЦ, сигурен сум дека ниту толку цркви ќе го прифатат тоа. Време е да се работи на санирање на распаднатото единство меѓу православните, што дојде по признавањето на автокефалноста во Украина, и да не се отвораат нови фронтови до кои неминовно би стигнале доколку автокефалноста се признае во друга црква неканонски и еднострано- вели тој.

Пендаровски за писмaта до патријархот Вартоломеј: Нема ништо спорно

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот