Вработените во Пазарна очекуваат средба со Заев: Скоро сите ја потпишаа петицијата за поддршка на Стојко Пауновски

Вработените во Државниот пазарен инспекторат кои ја потпишаа петицијата за поддршка на директорот Стојко Пауновски, велат дека нема да одат на штрајк, но дека очекуваат средба со премиерот Зоран Заев со цел да не се случи најавеното разрешување на Пауновски.

Стојко Пауновски: Разочаран сум што премиерот Заев не ме разбира, и јас сакав пилот да бидам кога бев млад, ама не станав

За сега тие не добија одговор по однос на барањето за прием во Владата, но со собраните потписи и преку писмен допис в понеделник ќе се обратат за да побараат средба со премиерот Заев бидејќи на законски начин се обраќаат до премиерот на државата.

Гошев: СДСМ треба да го одбрани Стојко Пауновски

Вработените во Пазарна добија поддршка и од Синдикалната организација УПОЗ и од Стопанските комори. Напоменуваат дека државните пазарни инспектори се постојано на терен и продолжуваат да постапуваат по протоколите и Законот за заштита на населението од заразни болести, бидејќи како што велат здравјето на граѓаните е пред сè.

Во меѓувреме, на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави и група креирана од граѓани, преку која му изразуваат поддршка на Пауновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот