Гошев: СДСМ треба да го одбрани Стојко Пауновски

Некогашниот прв човек на СКМ-ПДП и поранешен гувернер на Народна банка, Петар Гошев, во изјава за ИРЛ вели дека партијата СДСМ треба да го одбрани директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски. 

– Таа иста партија пред скоро две години не го одбрани министерот за финансии Драган Тевдовски заменувајќи го со срамно решение во споредба со него. Тој министер не беше бранет и од овој функционер што сега е на ред да биде жртва – изјави Гошев, додавајќи дека најкорисно би било СДСМ да се растури како партија. 

– Најкорисно за општеството е сами меѓу себе да се распаднат како нешто што се нарекува партија. Затоа што оваа трагедија што денес се случува е дело на сите безрбетници што доброволно прифатиле чифлигарство – вели Гошев за ИРЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот