Вработените во „Кромберг и Шуберт“ заминуваат на колективен одмор

Во претходните 3 месеци од фабриката биле отпиуштени 200 до 300 работници, поради намален обем на работа.

Речиси 6 илјади работници вработени во битолската фабрика за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ заминуваат на колективен одмор. Компанијата донела одлука ваквата мерка да ја спроведе поради отежнатото тргување со клиентите од странство поради затворените граници и кризата со корона вирусот.

Ваквата информација ја објави Телма од каде велат добиле официјална потврда од најголемата странска инвестиција во ИЗ„ Жабени“ во Битола.

Во претходните 3 месеци од фабриката биле отпиуштени 200 до 300 работници, поради намален обем на работа, односно драстично намалување на продажбата на автомобили. Од „Кромебрг и Шуберт“ тврдат дека нема да има други отпуштања засега.

Оваа германска инвестиција беше отворена во 2013 година, а од тогаш до крајот на 2019 имаше над 6000 вработени, со што фабриката е најголемиот работодавач во Регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот