ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мексиканска боксерка се бори за живот после нокдаун
Жанет Закарија Запата, 18-годишна мексиканска боксерка, се бори за живот откако беше нокаутирана во приредбата во Монтреал, Канада.
Препорачано
Мексиканката добил силни удари во четвртата рунда од домашната боксерла Мари-Пјер Хул. По серијата удари, таа престана да се брани, а судијата ја прекина борбата која можеше и нешто порано да биде прекината.
Се чинеше во прв момент дека Запата помина без сериозни последици, но по околу 20 секунди почна да се тресе и лекарите веднаш влегоа на рингот.
Таа била изнесена на носилки и пренесена во болница, каде што била ставена во кома.
– Кога дојде во болница, таа беше во критична состојба. Лекарите беа загрижени како ќе ја преживее ноќта. Искрено, тие не ѝ дадоа голема шанса, но нејзината состојба донекаде се подобри. Сѐ уште е во критична состојба, и во следните шест недели таа е клучна во утврдувањето постои ли и колку има оштетување на мозокот – рече промоторот на мечот, Ивон Мишел.
И противничката Хул проговори која рече дека се чувствува одговорна и дека нејзините мисли се со Запата и нејзиното семејство.


