Возачи се судриле и се повредиле во Кичевско, едниот возел многу пијан
Вчера попладнето на регионален пат во Кичевско се судриле автомобили чии возачи со повреди биле пренесени во болница. Таму, лекарите утврдиле дека едниот од возачите, кој има тешки повреди, возел со големо количество алкохол во крвта, соопшти МВР.
Препорачано
„На 18.03.2026 во 17:25 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од Кичево и патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(55) од с.Црвевци, кичевско. По незгодата, двајцата возачи се пренесени во болницата во Кичево, каде што кај А.Џ. се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Ф.Ф. се констатирани телесни повреди. При преземање мерки и извршено алкотестирање утврдено е дека А.Џ. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а возилото му е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
38мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


