Photo by Tiana Brown

„Вооружени сме до заби“: Војската е подготвена ако нема договор со Иран, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека војската е „подготвена да тргне“ ако не се постигне договор со Иран.  Трамп изјави дека американската војска го искористила периодот на примирје за да ги надополни залихите и е подготвена да ги продолжи нападите врз Иран доколку тој го нареди тоа, објави „Гардијан“.

„Вооружени сме до заби. Имаме толку многу муниција, толку многу од сè… ја искористивме за да ги надополниме залихите, а тие веројатно и малку се надополнија. Подготвени сме да тргнеме. Армијата едвај чека“, изјави Трамп за Си-ен-би-си.

Дипломатските напори за завршување на американско-израелската војна против Иран остануваат неизвесни, а Техеран вели дека нема да преговара под „закани“. Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека блокадата на иранските пристаништа ќе остане на сила сè додека Техеран не се согласи на договор.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс наводно денеска доаѓа во Пакистан на втората рунда преговори со Иран. Сепак, Техеран сè уште не го потврдил учеството, велејќи дека ја преиспитува својата одлука за повлекување откако претходно ги отфрли разговорите.

Ова доаѓа откако Трамп ја обнови својата закана да ја „уништи“ инфраструктурата на Иран и предупреди дека можеби нема да го продолжи примирјето по крајниот рок во среда. Претседателот на иранскиот парламент одговори на изјавите на Трамп, тврдејќи дека Техеран има „нови адути на бојното поле“.

Висок пакистански функционер изјави за Ројтерс дека земјата имала „доби позитивен сигнал“ од Иран за учество во разговорите. Тој додаде дека разговорите би можеле да се одржат оваа недела.

 

Трамп: Нема да го продолжам примирјето со Иран ако не успеат преговорите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот