ВО ЖИВО: „Blue Origin“ тргна на пат кон вселената со Џеф Безос

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

На денешен ден во 1969, Нил Армстронг зачекорил на месечината, денес Џеф Безос тргна по тие стапки.

Се случува второто комерцијално вселенско патување кое може да го гледате во живо на овој линк:

„Blue Origin“ е компанија основана од извршниот претседател на „Амазон“, Џеф Безос во 2000 година која тестира прототипови на својата ракета и капсула „New Shepard“ повеќе од една деценија.

По 15 успешни пробни летови без луѓе на бродот, „Blue Origin“ го изложи своето летало на крајниот тест: Првиот вселенски лет за луѓе. Компанијата ги испрати Безос, неговиот брат Марк, пионерот за воздухопловство Воли Фанк и холандскиот тинејџер Оливер Даемен на работ на вселената, да пловат во микрогравитација неколку минути и да се вратат безбедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот