Во светот постојат само 4 бои на пасоши: Црвените се најчести, а зелените имаат посебна симболика

Како одредени држави ја избираат бојата на пасошот?

Веројатно не сте знаеле дека во светот постојат само четири бои на пасоши, а секоја земја има свои причини поради кои избира одредена боја.

Од што зависи тој избор?

Следниот пат кога чекате ред на аеродром, погледнете ги пасошите на луѓето околу себе и обидете се да погодите од која држава се. Овој текст може да ви помогне во тоа…

Црвена боја (или бордо)

Ова е најчестата боја, пасошите со црвени корици често ги избираат земјите со поранешен или моментален комунистички систем.

Нашите граѓани, како и граѓаните на Словенија, Кина, Србија, Русија, Летонија, Романија, Полска и Грузија имаат црвени пасоши. Земјите членки на Европската унија, освен Хрватска, исто така користат пасоши со бордо боја или други нијанси на црвената боја.

Две земји кои се заинтересирани за придружуавање кон ЕУ, односно нашата земја и Турција, пред неколку години ја променија бојата на пасошите во црвена.

Припадниците на Андската заедница – Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу – исто така имаат бордо пасоши.

Сина

Ова е втората најчеста боја. Сините корисници го симболизираат „новиот свет“. Петнаесет карипски земји имаат сини пасоши. Во блокот на јужноамерикански земји сина корица на пасошите имаат и членките на трговската унија Меркосур. Тука се вклучени Бразил, Аргентина и Парагвај. Венецуела овде е исклучок, таа исто така припаѓа на оваа унија, но нејзините граѓани имаат црвени пасоши.

Пасошите на американските граѓани станале сини дури во 1976-та година.

Зелена

Пвеќето муслимански земји имаат зелени пасоши. Тука спаѓаат, на пример Мароко, Саудиска Арабија и Пакистан.

Зелената се смета за омилена боја на пророкот Мухамед и е симбол на природата и животот. Граѓаните на неколку западноафрикасни земји, како што е Нигерија, Нигер, Брег на Слоновата Коска и Сенегал, исто така имаат патни исправи со различни нијанси на зелена боја, наведува „Brightside“.

Црна

Најретки се пасошите кои имаат црна корица. Тие може да се најдат кај граѓаните на некои африкански земји – Боцвана, Замбија, Бурунди, Габона, Ангола, Чад, Конго, Малавија и други.

Граѓаните на Нов Зеланд исто така имаат црни пасоши, бидејќи црната е национална боја на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот