Паковките кокаин кои му ги нашле на 80-годишниот сплиќанец / Фото: Хрватска полиција

„Тоа е за здравје“, им рекол 80-годишен дедо од Сплит на полицајците што му го нашле кокаинот

80-годишен човек од хрватскиот град Сплит минатата недела бил фатен со 11 пакетчиња кокаин. Тој е осомничен и за продажба на пакетче дрога од половина грам, пренесува „Далматински портал“.

Осомничениот тврдел дека дрогата, која полицајците му ја нашле дома, е за негова лична употреба и дека ја користел „за здравје“, како и дека откако почнал да шмрка – „се преродил“.

Тој добил куќен притвор под контрола на уред за мониторинг поставен на ногата. Поради тоа што живее сам, неговиот сосед ќе му носи храна и други потребни работи, велат од Судот додавајќи дека во куќен притвор осомничениот е испратен поради тоа што имало можност да го повтори делото.

Поранешниот грчки министер Варуфакис откри дека еднаш танцувал 16 часа, бил издрогиран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот