Во Шкендија веруваат дека можат да го елиминираат ерменскиот Арарат

ФК Шкендија по вторпат ќе игра во Лигата на конференции/Фото: facebook.com/fcshkendija

Денеска од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје екипата на Шкендија ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на конференции против Арарат Ереван од Ерменија.

Тетовските „црвено-црни“ се подготвени за новиот европски предизвик, во составот на тренерот Артим Шаќири, од повредата здобиена на подготовките во Словенија, во составот се враќа Башким Велиу, но не е подготвен за вечерашниот меч.

Дефанзивецот на Шкендија и воедно репрезентативец на Македонија, Егзон Бејтулаи верува во пласман во следната квалификациска рунда.

– Како екипа сме подготвени со успех да ја поминеме оваа пречка. Ерменците имаат добар тим, вели, ние ги анализиравме, мислам дека квалитетот е наша страна и со максимална ангажираност од сите играчи на теренот, можеме да излеземе како победници во овој двомеч – вели Бејтулаи.

Главен судија на натпреварот ќе биде Лукас Фендрих од Швајцарија.

Шкендија по вторпат настапува во ова натпреварување, минатата сезона во второто квалификациско коло претрпе два порази од летонската Рига (0:1, 0:2).

Досегашните најголеми успеси во својата клупска историја Шкендија ги имаше од 2016 до 2018 кога три години по ред играше плеј-оф за влез во групите на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот