Во продажба се билетите за македонското ракометно дерби Вардар – Еурофарм Пелистер

фото: RK Vardar 1961

Во рамките од плејофот во првенството на Македонија од денеска се пуштени во продажба билетите за ракометното дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

Овој меч од петтото коло е закажан за в недела (26 март) со почеток од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс во целата држава.

За влез во салата ќе биде потребно да имате испечатен билет или билет во електронска форма (PDF) што ќе треба да го покажете на влез во салата.

Цени на билети по блокови:

Блокови 1, 3, 4, 5, 7, 8, 11, 12, 13, 14 и 15:
Цена – 150 денари

Блокови А2, А3, А5 и А6:
Цена – 200 денари

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа пред почетокот на натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот